MAKFRESH со гордост најавува учеството на 10 водечки компании-членки на претстојниот саем FRUIT ATTRACTION во Мадрид, кој ќе се одржи од 30 септември до 02 октомври!
2024 година беше првата година на учество на MAKFRESH (и на Македонија) на саемот Fruit Attraction, каде беа претставени најдобрите свежи производи што Северна Македонија ги нуди – па затоа со задоволство ја повторуваме оваа иницијатива и во 2025 година.
Нашето присуство во Мадрид е овозможено со силната поддршка на партнерите на MAKFRESH – Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Северна Македонија и Фондацијата ИМЕ – кои продолжуваат да инвестираат во меѓународната промоција и конкурентност на земјоделскиот сектор на земјата. Овој заеднички напор претставува значаен чекор во проширувањето на пристапот до пазари, зајакнување на трговските партнерства и позиционирање на македонските производи на глобалната сцена.

